Шекил О’ Нил доаѓа во Хрватска: Ќе настапи на фестивалот Форестленд

Легендата на НБА Шекил О Нил доаѓа и во Хрватска и тоа како диџеј. Тој настапува под името диџеј Дизел и по минатогодишниот настап на Крк, се враќа во Хрватска.

Тој ќе настапи на фестивалот „Форестленд“ кој се одржува од 19 до 21 јули во Мали Михаљевац.

Четирикратниот победник на НБА лигата постигна голем успех и на музичкото поле.

Со музика се занимава од својата 14-та година, а неговиот деби албум продаден во милион примероци, што потоа го донесе на 25-то место на листата на Билборд 100.

Интересна е забелешката дека О’Нил е единствениот спортист во историјата со платинест албум.

10.02.2024 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега