Шилегов: Очекувам дека ќе добиеме добро и квалитетно решение за заштита на Водно

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека лично се залага за носење законско решение на целиот комплекс, не само на Водно, туку и Матка со цел, како што рече, нивото на заштита да биде што е можно поголемо.

Одговорајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека цело време се во разговори со граѓанските асоцијации и со Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Нашиот начин на функционирање е така. Можеби е малку демократијата поспора, но, верувајте ми дека е многу битно да го чуете гласот на граѓаните, отколку автономно да ги донесете било кои од одлуките. Инклузивен е процесот, во тек е процесот, сите инволвирани страни се внатре вклучени и очекувам дека ќе добиеме добро и квалитетно решение за заштита на Водно, изјави Шилегов. Додаде дека инсистира тоа да биде законско решение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега