Шутаров: Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица намерно ја оставаат Универзална сала да пропаѓа

 

Коалицијата Данела Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја одбија Иницијативата за времено отстапување на корисничкото право за Универзална сала на Владата, изјави советникот од СДСМ во Советот на Град Скопје, Горан Шутаров.

Оцени дека Арсовска и мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно ја кочат реконструкцијата на Универзална Сала.

„За реконструкцијата има проект со кои се обезбедени 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони денари. Владата изрази интерес да ја преземе реконструкцијата да го заврши проектот и потоа Универзална сала повторно да му ја отстапи на Град Скопје. Но, од причини познати само на Арсовска ВМРО-ДПМНЕ и Левица иницијативата за овој објект кој е важен за Скопје но и за цела Македонија, ја одбија без притоа да се произнесат ниту да дадат барем еден аргумент зошто ја одбиваат“, рече Шутаров.

Како што додаде, срамно и недозволиво е Универзална сала, симболот на солидарноста и постземјотресно Скопје да се наоѓа во ваква состојба.

Очигледно е дека Арсовска ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ги засега ниту тоа што Универзална сала, како носител на проектот Скопје Европска престолнина на културата – 2028 година е влезена во потесниот избор, вели тој, коментирајќи дека Арсовска и мнозинството во Советот не работат ништо и само нанесуваат штета врз Градот и неговите граѓани.

 
08.03.2023 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега