Силјановска Давкова: Со оваа власт Македонија не само што е слаба, туку е држава во пропаѓање

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова на вчерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе“ во општина Карпош истакна дека Македонија со СДСМ на власт не е само слаба држава, туку држава во пропаѓање.

Силјановска Давкова посочи дека оној кој што владее спротивно на општиот интерес е тиранин и запраша дали граѓаните го препознаваат тој тиранин.

„Ние денес со власта имаме аномија, секојдневно кршење на законите. Затоа јас сакав да кажам дека ако од антиката до денеска се зборува не само за политика, туку и за економија и етика. Ете го триаголникот кој што гарантира добро владеење. Но, за жал тој триаголник со оваа власт во оваа држава го нема. Не само што Македонија е слаба држава, за жал Македонија е држава во пропаѓање поради оваа власт“, нагласи Силјановска Давкова

Таа пред карпошани порача да размислат за кого ќе гласаат на локалните избори, кои се планирани да се одржат на есен.

 

„Падот на локалните избори ќе биде предзнак на падот на оваа корумпирана власт која нема ништо заедничко со Европа. Ве молам добро да размислите за кого ќе гласате, дали ќе гласате за идиократија, за дебилизација, или за либерализација. Не само на пазарот туку и воопшто во политичкиот систем“,истакна Силјановска Давкова.

22.07.2021 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега