Силно невреме на истокот на Македонија: Цел град без струја - сообраќајот во прекин

Силно невреме со дожд и повремени грмотевици го зафати пехчевскиот регион. Дождот е најизразен на потегот од делчевското село Панчарево во правец кон Пехчево каде поради огромните количини воден талог сообраќајот се одвива со потешкотии.

Од обилниот дожд на патниот правец Делчево – Пехчево има појава на одрони која поради количината на вода не е забележлива поради што исто така предизвикува проблеми при одвивањето на сообраќајот.
 
Поради невремето во моментот во прекин е електричната енергија во Пехчево.
28.09.2021 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега