Слави Трифонов со идеја: Прво Бугарија во Шенген и без визи во САД, па потоа деблокада на Македонија

Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов на својот Фејсбук профил им се обрати на САД ако толку „инсистираат на членство на Македонија во ЕУ“, треба прво да ја стават Бугарија на листата земји чии граѓани без визи ќе може да патуваат на нивна територија, па Бугарија да стане полноправна членка на шенген зоната на Европската унија, за дури тогаш, Северна Македонија да стане членка на ЕУ, пишува БГНЕС.

„Бидејќи Американците толку многу сакаат Северна Македонија да е во Европската Унија, нека им овозможат на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, да не им требаат визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските граѓани, бидејќи се Европејци, треба да не им требаат визи за да одат во Америка.

Тој вели дека штом САД и ЕУ бараат од Бугарија да биде лојален партнер, тие тоа ќе го направат, но според него, лојалноста е двонасочна.

Под овие услови, и доколку Македонците, извинете – Северномакедонците, ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, можеме да го започнеме преговарачкиот процес за прием на Северна Македонија во Европската Унија, вели Трифонов.

 

03.01.2022 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега