Снегот оваа година може да дојде рано

Ако може да им се верува на долгорочните временски прогнози, првите студови се очекуваат некаде кон крајот на ноември додека првиот снег би можел да падне доста рано, уште на почетокот на декември.
До крајот на месецот не очекува есенско време, проследено со врнежи од дожд и температури кои постепено ќе опаѓаат но нема да се спуштат близу нулата а во текот на денот ќе се движат околу 20 степени.
Слично ќе биде времето и во текот на целиот месец октомври. Од време на време по некој врнежлив ден но и доста сончеви денови.
Температурите ќе се движат над 20 степени речи си во текот на целиот месец.
Со почетокот на ноември се очекуваат и првите постудени денови. Веќе кон средината на месецот ќе ги имаме и првите утра под нулата а во втората половина на 11тиот месец се очекуваат и првите максимални температури кои нема да надминат 10 степени.
Долгорочните прогнози велат дека првите снежни врнежи во градовите би можело да ни дојдат уште на почетокот на декември. Во првата недела од последниот месец од годината ќе се создадат и услови за снег но имајќи ги предвид температурите кои ќе се движат околу 5 степени во текот на денот и ретко кога ќе одат под 3 степени во минус во вечерните часови, шансите снегот да се задржи се исклучително мали.
Имајќи ги предвид од сега прогнозираните температури може да се заклучи дека зимата во декември ќе биде блага со температури во плус и текот на денот и благи минус навечер и наутро.

 

28.09.2021 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега