Солана: Сигурен сум дека многу скоро ќе ги почнете формалните разговори со ЕУ

Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ Хавиер Солана, во рамки на своето видео обраќање на конференцијата „По Охрид“ по повод 20 години од потпишувањето на  Рамковниот договор.

– Ми претставува задоволство што имам можност со вас да прославам 20-годишнина од Охридскиот рамкоцен договор. Тој договор значеше многу за вас и вашиот народ, но, исто така, е многу важен и за мене. Тоа беше почетокот на едно патешествие на соработка помеѓу различни народи од земјата, изјави Солана.

Toj посочи дека ќе остане „многу добар пријател“ на нашата земја и дека доколку некогаш ни треба нешто од пријател, „воопшто не се двоумете да ме контактирате“.

– Ви посакувам многу среќа Северна Македонија, порача Солана.

13.08.2021 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега