Сончево и топло- метеоролозите со прогноза за наредните неколку дена

Сончево и многу топло време со мала локална облачност најавуваат синоптичарите за денес. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 19 степени и максималната  до 38 степени.

Топлото време ќе се задржи до среда попладне кога се очекува дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи  и умерен до засилен северен ветер. Дневната температура од четврток ќе се намали за неколку степени. 

16.08.2021 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега