Сончево, но свежо време- метеоролозите со најава какво време не очекува во наредните неколку дена

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и посвежо. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, чија брзина наместа ќе надминува 70 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со засилен северен ветер. Максималната температурата ќе биде 26 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во пораст.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега