Сончево време со мала до умерена локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува во среда и четврток. Во среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро особено во посеверните делови ќе биде посвежо.

МАКФАКС

30.08.2021 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега