Совет на амбасадори: ЕУ итно да го деблокира процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија и да ги почне преговорите за членство
Совет на Амбасадори жали што руската агресија врз Украина добива такви размери во коишто, покрај одбранбени објекти и војници, најмногу страда цивилно население (повозрасни лица, жени и деца) и инфраструктурата на населените места неопходна за задоволување на минималните потреби за живот како што се резервите на животни намирници, водовод, канализации, греење и хумани транспортни коридори.
Советот смета дека Русија веднаш треба да престане со воената агресија, и двете страни да седнат на преговарачка маса и да најдат начин за мирно решение на конфликтот.
Советот цени дека Европската Унија треба позитивно да одговори на барањето на Украина за членство во Унијата и на земјата да и го олесни патот кон евроинтеграциите давајќи и статус на земја-кандидат во најбрз можен рок. За реализација на предлогот ЕУ треба да делува единствено и да ја отстрани можноста една членка да блокира донесување на таква одлука.
Со зајакната кохезијата меѓу земјите членки на ЕУ, притоа имајќи ги предвид политичката, економската и особено безбедносната состојба во Европа и Светот, Европската Унија треба итно да го деблокира процесот на интеграција на Северна Македонија и Албанија и да ги отпочне преговорите за нивно членство со што ќе се затвори просторот за било какви други варијанти за иднината на регионот Југоисточна Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа