Средба Пендаровски-Кофод: Северна Македонија ќе продолжи да работи на домашната реформска агенда

Северна Македонија ќе продолжи да работи на домашната реформска агенда, со фокус на владеење на правото, јакнење на ефикасноста и непристрасноста на судството и борбата против корупцијата, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со министерот за надворешни работи на Кралството Данска, Јепе Кофод.

Пендаровски изрази благодарност за принципиелната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, било констатирано дека двете земји во континуитет градат пријателски, сојузнички и партнерски односи. Во таа насока, Пендаровски изрази интерес за интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво, а заедно со министерот Кофод ја истакнаа и потребата за подобрување на економската соработка и трговската размена.

Соговорниците разговараа и за безбедносната состојба во Авганистан, како и за одлуката на Северна Македонија да прифати авганистански цивили.

На средбата претседателот Пендаровски му се заблагодари на министерот за донираните вакцини за заштита од КОВИД. 

01.09.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега