Стоилковски: Дали едно од огласените три места за ЈО во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека едно од вкупно три места за јавен обвинител во Гостивар се „резервирани“ за синот на собранискиот спикет, Талат Џафери, Барлет.

Портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, на прес-конференција во партиското седиште рече дека огласот е веќе објавен.

-Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?
Согласно огласот од втори март, Советот бара Јавни обвинители за повеќе основни јавни обвинителства, меѓу нив и за Гостивар каде се бараат тројца. Наведено е дека покрај законските условите од Законот за јавно обвинителство, за јавен обвинител во основно јавно обвинителство може да биде избрано лице кое има завршено обука утврдена со Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Синот на Талат Џафери е објавената листа на завршниот испит во Академијата, и иако не е расчистен случајот како тоа полагал правосуден испит пред воопшто да дипломира, сега се верува дека ќе биде еден од тројцата новопримени во гостиварското јавно обвинителство, рече Џафери.

Според него, Антикорупциската комисија не одговорила конкретно како е можно синот на Џафери да полага правосуден испит без да има диплома.

-ДКСК не даде конкретен одговор, како е можно да се полага правосуден испит предвреме, ниту пак се отвори предмет за тоа, а нема одговори ниту дали е точно дека, цитирам медиуми,  „Џафери добил право да го полага правосудниот испит со дискрециона одлука на тогашниот министер Аднан Јашари“,?  Дали сега и вработувањето и изборот на Барлет Џафери ќе биде нечија дискрециона одлука? Затоа, повторувам, Советот за јавни обвинители мора да одговори дали едно од огласените три места за јавен обвинител во Гостивар е резервирано за Барлет Џафери, синот на Талат Џафери?, прашува Стоилковски.

Вели, во време кога довербата во правосудството е на минимум, криминалот и корупцијата цветаат, а наместо право и правда, судско обвинителскиот систем го тресат скандали, од изборот на Ислам Абази, преку изборот на Весна Дамева во Судскиот совет, до делење на места во правниот систем по принцип на наследство и партиска моќ. Според него, со евентуален избор на лице со низа скандали зад себе, како Барлет Џафери, за јавен обвинител во Гостивар, Советот директно ќе учествува во пад на довербата во судството.

 

07.03.2023 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега