Струга бара одложување на почетокот на учебната година
Општина Струга бара од Влада, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство и Комисија за заразни болести да се пролонгира почетокот на учебната година во оваа општина.
Советот на општината, како што е објавено на нејзината фејсбук страна, оценил дека состојбата е полоша од претходната година и заклучил дека е потребно почетокот на учебната година да се одложи 20 дена односно наместо да почне на 1 септември да започне на 20 септември.
– Од тие причини, поврзани со епидемиолошката состојба во Струга, а и моменталните организациски услови во училиштата, при што доколку би имало настава учениците би биле во постојан контакт, особено на големите одмори каде заеднички се дружат, купуваат храна и го користат транспортот оние ученици кои патуваат од руралните средини што би било од негативно значење за нивното и здравјато на наставниот кадар – е наведено на фејсбук-профилот на Општина Струга.
Од Општината додаваат дека според добиените информации од надлежните на секое наредно дневно тестирање, каде обично се прават 100 до 120 тестови дневно, секој четврти резултат е позитивен на ковид 19, а денеска a се хоспитализирани 35 лица во Општа болница Струга, седум во Завод за нефрологија, а во Здравствениот дом во Вевчани 120 лица се на нега во домашни услови, додека во Струга 70 на домашна нега се 70 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа