Струјата ќе поскапи за 9,48 отсто

Цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 9,48 проценти, а се укинува дневната евтина тарифа. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) најави дека кон крајот на јануари или почетокот на февруари ќе воведе блок тарифи со кои ќе се обезбеди потрошувачка на струја по пониска цена, посочувајќи дека рестрикциите не се опција. Во исто време, Владата на денешната седница усвои Програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, со која се предвидува најранливите категории на лица со ниски примања кои не се приматели на гарантирана помош, да добијат намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија од 600 или 800 денари месечно, во зависност од големината на домаќинството.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски вчера на прес-конференција соопшти дека цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, а од 1 јануари ќе се укине дневната евтина тарифа, со што, според него, ќе нема потреба од ново поскапување на струјата

31.12.2021 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега