Струмичанец приложил фалсификувана возачка дозвола на Табановце


Вчера во 13.15 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, полициски службеници констатирале дека Ж.И.(26) од Струмица на увид приложил фалсификувана полска возачка дозвола.

Возачката дозвола била одземена за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

29.03.2024 - 15:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега