Таравари ја прифати поканата на Ковачевски за лидерска средба

Алијансата на Албанците прифати да оди на лидерска средба в понеделник, потврдија од партијата за „Слободен печат“.

„Алијансата на Албанците е посветена на евроинтеграциите на земјата, како што придонесовме во претходните фази со гласањето за заклучоците од Франускиот предлог. Решени сме да помогнеме во процесот“, велат од партијата.

Лидерот на партијата Арбен Таравари ќе ги даде сите барања кои ги има за гласање на уставните измени, а меѓу нив е и барањаето да се тргне формулацијата „20 отсто“.

04.11.2022 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега