Таравари за дивата депонија со мртовечки ковчези: Инспекторите се на терен, не верувам дека во сандаците имало починати од ковид-19

Во групата „Чист Гостивар! Стоп за депонија Русино! Чист воздух за Гостивар“ постојано се споделуваат слики од она што им се случува на гостиварци, каков воздух дишат и за негрижата на институциите, а вчера беа објавени фотографии од депонијата Русино, во која се фрлени и мртовечки сандаци.

Градоначаникот на Гостивар Арбен Таравари за Плусинфо вели дека инспектори од општината се испратени на местото и откако ќе го испитаат случајот ќе ја информираат јавноста за што станува збор.

– Јас синоќа дознав за случајот, испративме инспектори на терен и ќе дознаеме за што станува збор наскоро, но не верувам дека се работи за ковчези од починати од ковид-19 – вели Таравари.

Д-р Ирина Сотирова-Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) вели дека инспекторатот не е надлежен за овој случај, а за да се утврди преку ДНК анализа дали во сандаците имало починат од ковид-19 и за кое лице станува збор, треба да се бара интервенција од МВР, јавен обвинител, а можеби и од судска медицина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега