Таткото на Боки 13: Се плашам за животот на мојот син

Миле Јовановски, таткото на Боки 13 во интервју за „А1он“ изјави дека се плашел за животот на неговиот син, најмногу кога бил во истражниот затвор.

„Се плашам за мојот син. Најмногу кога беше во истражниот затвор, затоа што имав дојава од близок човек во правосудните органи дека имало, ми цитираше пораки, дека нема да излезе жив од затворот, дека ќе го убијат итн“, кажа Јовановски.

Исто така, во интервјуто потенцираше дека не знае каде завршила торбата „Луј Витон“ и дека воопшто ја немал видено.

Тој додава дека не е точно дека чантатаа завршила во неговиот дом.

„Двапати имаше претрес со мојот дом, земени се и снимките од камерите. Кај мене немаше ништо. Јас прв ќе кажев ако имаше торба. Ќе ја цитирам Русковска која рече „Јас претпоставувам дека торбата завршила во домот на неговите родители“. Тоа е нонсенс. Срамота е тоа да го изјави еден обвинител“, вели Јовановски.

03.01.2022 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега