Телма: Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков вреди 32 милиони евра

Дел од осомничените во истрагата „Империја“ бараат спогодба. Обвинителката која го води случајот, Лиле Стефанова, не открива кои се точно бизнисмените кои не сакаат судење, но уверува дека и во овој предмет очекува да се конфискува имот кој е со поголема вредност, дури и од оној на „Плацеви на Водно“ а кој е стекнат на криминален начин.

Потврди и дека истрагата била проширена, но и дека има и нови и издржани докази.

Сега веќе „Империја“ е на крај и се очекува одлука на обвинителката до крајот на Мај.

Во неа се осомничени Камчев и Мијалков и уште 11-мина а во меѓувреме Телма веќе објави и дека истрагата е проширена и на други бизнисмени, поврзани стечајот на МПМ.

Денеска Кривичен објави дека дел од имотот кој е опфатен со истрагата а тоа е Хотелот „Мериот“ и станови, остануваат замрзнати. 32 милиони евра вреди конфискуваниот имот на Сашо Мијалков, пренесува ТВ Телма вечерва. 

21.04.2022 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега