Тешка сообраќајка во Турција: Се преврте автобус


Тешка сообраќајка во Турција откако при судир на автомобил и автобус, од силината на ударот автобусот се превртел.

Петнаесет лица се повредени во судир на автобус и автомобил во Малатја во источна Турција.

Сударот се случил на раскрсницата на автопатот Малатија-Елазиг, а од силината на ударот автобусот се превртел.

На местото на настанот се испратени екипи од полиција, пожарникари и лекари, пишува весникот „Аксим“.

Според првите информации, сите повредени се турски државјани.

15.04.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега