Тешко повреден тинејџер откако со автомобил излетал од патот


Вчера во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, на влез од с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(19) од с.Јонузлија, општина Карбинци, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

07.05.2024 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега