Тетово: Професорка им се заканувала на студентите дека ќе ги фати за врат, оти била незадоволна од нивните коментари на „Фејсбук“

Професорка Бесијана Мемеди, од Факултетот музичка уметност при Државниот универзитет во Тетово им се заканувала на студентите дека ќе фати за врат, за како што велат, оти била незадоволна од нивните коментари на нејзина објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, пренесува „СДК.МК“.

Во знак на револт, студентите денеска протестираа, незадоволни од односот кој професорката Мемеди го имала кон нив.

„Има многу генерации студенти кои ја преживеале тортурата со уцени и закани од професорката Бесијана Мемеди. Затоа ние решивме повеќе да не го трпиме нејзиниот терор и затоа реагираме. Ние како студенти на секое предавање бевме изложени на психичка тортура, систематски булинг и навреди, а последниот случај беше кога ни се закани дека ќе нè фати за врат само затоа што не била задоволна од коментарите на студентите на нејзина објава на Фејсбук. изјави студентот Арди Лена за „СДК.МК.

07.04.2022 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега