Тигањ: Горда сум што Северна Македонија доби почеток на преговори за време на хрватското претседавање

 

Хрватската амбасадорка во земјава Нивес Тигањ во интервју за МИА, по повод завршувањето на претседавањето на Хрватска со Советот на Европската Унија, вели дека е повеќе од горда што за време на претседавањето на нејзината земја со ЕУ, Македонија доби одлука за почеток на преговори.

Тигањ, во интервјуто за МИА, вели дека земајќи го предвид огромниот исчекор што Македонија го направи во последните неколку години, Хрватска со големо разочарување ја доживеа одлуката на Европскиот совет од октомври 2019 година. -Така што, покрај веќе дефинираните приоритети на претседавањето на Хрватска со Советот на ЕУ, една од нашите клучни задачи за време на нашето претседавање беше да се исправи неправдата сторена на Македонија, рече хрватската амбасадорка во земјава.

Хрватска, како што истакнува Тигањ, и покрај корона кризата, сепак успеа да го врати фокусот на ЕУ кон Западен Балкан, со што обезбеди планот за проширување на ЕУ да остане високо на агендата на ЕУ и по завршувањето на хрватското претседавање.

Во врска со претстојните избори, и дали тоа би влијаело на одржувањето на првата Меѓувладина конференција, Тигањ вели Северна Македонија јасно се определи за членство во Европската Унија, што подразбира консензус на сите политички партии за ова прашање и затоа и овие избори, како што вели, се само еден фестивал на демократијата за кои очекуваме дека ќе бидат спроведени во фер и демократска атмосфера.

-Република Хрватска и пред да го преземе претседавањето со Советот на Европската Унија силно го поддржуваше евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија. Земајќи го предвид огромниот исчекор што Северна Македонија го направи во последните неколку години, Хрватска со големо разочарување ја доживеа одлуката на Европскиот совет од октомври 2019 година. Така што, покрај веќе дефинираните приоритети на претседавањето на Хрватска со Советот на ЕУ, една од нашите клучни задачи за време на нашето претседавање беше да се исправи неправдата сторена на Северна Македонија. И со гордост можеме да кажеме дека е и – исполнета. Непотребно е да се кажува колку и е важно на Хрватска земјите од нејзиното опкружување да го продолжат својот транзициски пат кон полноправно членство во Европската Унија. Затоа, Република Хрватска уште од самиот почеток на своето претседавање силно се ангажираше за постигнување консензус на сите држави членки на ЕУ, уверувајќи ги своите европски партнери дека Северна Македонија повеќе не смее да остане во чекалната, туку да добие шанса за натамошно продолжување на реформските процеси. Освен одлуката за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, Хрватска успеа да го врати фокусот на ЕУ кон земјите од Западен Балкан и обезбеди планот за проширување на ЕУ да остане високо на агендата на ЕУ и по завршувањето на хрватското претседавање- кажа Тигањ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега