Тимчо Муцунски се прости од Додовски

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи се прости од поранешниот министер за животна средина Марјан Додовски.

„Со големо жалење ја примив веста за смртта на Марјан Додовски, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ. Освен тоа, тој извршуваше бројни партиски и државни функции за кои го даваше својот максимум. Нека почива во мир. Вечна слава“, напиша Муцунски.

03.01.2022 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега