Тој што нема да сака да се вакцинира, а е вработен во јавниот сектор, еднаш неделно ќе дава пари за ПСР тест

Сите вработени во јавниот сектор, а кои не сакаат да се вакцинираат, ќе мора секоја недела да даваат пари за да направат ПСР тест, за да го приложат на своето работно место. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче потенцираше дека тој е единствениот начин за да бидат сигурно дека индивидуата без вакцина, е безбеден за работната средина која има примено ковид-вакцина. 

Инаку, мерките ќе стапат на сила десетина дена откако Владата би ги усвоила, за да има време, како што рече Филипче. фирмите и луѓето да се прилагодат на новонастанатата ситуација.

17.11.2021 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега