Толку од сонцето: За утре УХМР најави голем пресврт

Денеска беше сончево со мала до умерена облачност, но во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Но, за утре од УХМР најавија голем пресврт. Утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со врнежи од дожд и снег, на планините и на повисоките места со врнежи само од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од утре следува период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои пониски места.

03.03.2022 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега