Тошковски: Разбиена организирана група сторители на тешки кражби на скапи велосипеди


На 27.04.2024г. од страна на полициски службеници од ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје, под сомнение за сторено кривично дело лишени од слобода се лицето А.К.(43) од Р. Србија и лицето Љ.Г.(20) од Р. Србија и по извршен службен разговор истите признале дека имаат украдено повеќе велосипеди кои ги чувале во изнајмен стан во Скопје, при што извршена е проверка и со потврда за привремено одземени предмети 9 велосипеди се одземени од лицата, соопшти техничкиот министер за внатреши работи, Панче Тошковски.

Исто така, во разговорот со лицата истите навеле дека кривичните дела се извршувани во координација со уште неколку лица за кои се преземаат полициски мерки, посочи Тошковски.

„Од страна на полициските службеници утврдено е дека сите велосипеди се од пријавени тешки кражби и истите веднаш ќе им се вратат на сопствениците.
Лицата по насока на јавен обвинител се задржани во ПС ОН Кисела Вода и по целосно документирање е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка за истите лица определена е мерка притвор“, истакна Тошковски.
29.04.2024 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега