Трајанов: Ако има 60 пратеници за избори во мај, јас ќе бидам 61-от

Пратеникот Павле Трајанов во интервју за Фокус вели дека сите партии сметаат дека не е време за избори, бидејќи како што рече сме биле во криза. Тој стои на ставот дека избори би било добро да се одржат следната година во мај или април. Ако имало 60 пратеници за, тој би бил 61-от за реализација на истите.

„Со оглед на целокупните состојби, речиси сите партии сметаат дека сега не е време за избори, затоа што сме во криза. Да видиме како ќе се одвиваат работите.

Мислам дека е поразумно, доколку се отвори таа тема, да се постигне договор евентуално за идната година. Предвремени избори да се одржат во април или во мај. Ако има 60 пратеници „за“, јас би бил 61-от.

Тоа е добро и за СДСМ и за претседателот Ковачевски, за да добие легитимитет. Бидејќи еден од главните напади од политичките противници и критичарите е дека тој не бил на избори.

Засега нема некое посебно расположение кај СДСМ и ДУИ за предвремени избори. Но, ќе видиме дали состојбите ќе наметнат услови сепак да се организираат предвремени избори“, изјави Трајанов.

28.10.2022 - 20:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега