Треба да се опуштиме и Новата година да ја славиме со украсени градови, смета Битиќи

И додека повеќето градоначалници се откажуваат од големото украсување на градот со цел штедење на електричната енергија, вицепремиерот за економија, Фатмир Битиќи, во своето гостување на Утрински брифинг, кажа да се опуштиме и да се дочека Нова година со украсени градови.

-Јас очекувам дека без разлика што ќе се случува со справувањето со енергетската криза треба полека да се опуштиме и да славиме Нова година во украсени градови и се надевам дека нема да биде во сивило кои го најавија новите градоначалници, вели вицепремиерот.

Тој додаде дека моменталната ситуација со кризата се должи на лошото менаџирање во последните 20 години, потенцирајќи дека цената ќе ја плаќаат идните генерации.

 

-За жал нашите деца ќе ја плаќаат цената. Не може енергетскиот сектор да се подобри за две години. За еден капацитет се потребни најмалку две-три години, истакна Битиќи.

 

16.11.2021 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега