Тренчевска-Ангелов: Соработката со Бугарија во областа на трудот и социјална заштита продолжува

Министерката за труд и социјална политика денес се сретна со Амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана Ангелова. На средбата се разговараше за сензитивните предизвици кои го засегаат општеството, како што се трудовата миграција, лицата со попречености и нивното вклучување на пазарот на трудот.
 
„Експертите од секторот за евроинтеграции во  Министерството за труд и социјална политика секојдневно работат на решенија кои се наметнуваат од предизвиците во делот на трудовата миграција. Во соработка со Бугарија ваквите заложби ги потврдивме со Акцискиот план и Меморандумот за соработка во делот на трудовата миграција. Со што беше зајакната билатералната соработка меѓу земјите која што ќе продолжи и во наредниот период“, рече Тренчевска.
 
Министерката истакна дека во делот на соработката на Бугарија со Северна Македонија во однос на децата со попречености е исклучително задоволна од поддршката и изградбата на Центрите за деца со аутизам во Скопје и Охрид.
 
„Мојот принцип на работа е правда, еднаквост и солидарност за сите без разлика на пол, род, попреченост. Затоа политиките кои ги формираме и спроведуваме се фокусирани на лицата со попреченост, подобрување на нивниот квалитет на живот и овозможување на нивните основни права и слободи. Отворени сме за секаква соработка со која ќе овозможиме овие лица да се стекнат со вештини и со тоа ќе си обезбедат место на пазарот на трудот, “ додаде Тренчевска.
 
На крајот од средбата  Амбасадорот и неговата сопругата и посакаа на Министерката и успешна работа во наредниот период и благодарност за можноста да разговараат за идните планови за соработка.
21.04.2022 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега