Трета доза примиле 69 македонски граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани. Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани.
 
Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 32% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
 
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
 
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.
28.09.2021 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега