„Тргопродукт“ на Зеви доби неповратен грант: Истиот тежи 1,4 милиони евра

Најпознатата компанија во сопственост на членовите на семејството на Зоран Заев, поранешниот премиер, доби неповратен гранд од ИПАРД-програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, пренесува „Фактор“. Грантот тежи 1,4 милиони евра.

Компанијата од Дабиље, струмичко, која се занимава со откуп на овошје и зеленчук, на 21 април доби исплата од 86.608.249 денари. Оваа сума следува како учество во инвестициски проект и е втора најголема дадена како грант во историјата на земјоделскиот фонд откако се работи со ИПАРД-програми.

29.04.2022 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега