Три лица починаа од коронавирусот во штипскиот Ковид центар

 

Во штипскиот Ковид центар за едно деноноќие битката ја изгубија тројца пациенти од кои двајца од Штип на возраст од 51 и 63 и 68 годишен жител на Радовиш.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА информира дека во овој центар се хоспитализирани 51 пациенти, од кои 50 на Инфективното и еден пациент на Анестезиологија, каде што се лекуваат тешките пациенти. Неколку денови голема е и бројката на пациенти, кои се на кислородна поддршка. Триесет и девет пациенти се борат за здив и се на кислородна поддршка.

Според статистиката на МВР, за периодот за едно деноночие  на ниво на СВР Штип, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 52 прекршоци.

Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Штип од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 109 лица им биле издадени решенија за изолација, а контрола им била извршена на 1075 лица со вакви решенија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега