Три лица приведени поради поседување марихуана

На 07.03.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Ф.В.(24) од Кочани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во врска со случајот, на 08.03.2022 лишени се од слобода Д.Т.(36) и М.А.(52), двајцата од Кочани, бидејќи и кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по чл.215 од Кривичниот законик

09.03.2022 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега