Трипуновски: 8,2 милиони евра помал девизен прилив и 3,9 милиони литри помалку извезено вино во 2023 година


Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава соопшти дека Република Македонија има загуба од 8,2 милиони евра девизен прилив во 2023 година заради помалата извезена количина од 3,9 милиони литри вино во споредба со 2016 година.

Во прилог целата facebook објава на Трипуновски:

Стоп на манипулациите на СДС 

Ова се вистинските факти за извозот на флаширано вино и вкупното производство на вино во Македонија
3,9 милиони литри помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 Извор: ДЗС
8,2 милиони евра помал девизен прилив во 2023 поради намалените извезени количини споредено со 2016 (согласно просечната извозна цена за 2023 година од 2,09 €/л)
21,6 милиони литри помалку произведени количини на вино во 2022 во споредба со 2016 (Извор: ГЗИ 2022)

22.03.2024 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега