Тупанчевски: Не се согласувам со писмената опомена од Грковска

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, во вечерашното гостување во ТВ 21 вели дека „не се согласува“ со опoмената, која дојде од вицепремиерката задолжена за добро владеење на функционерите и институциите, Славица Грковска.

„Не, не се согласувам, уште еднаш сум конзистентен на својот став дека нема повреда на норма“, вели Тупанчески за случајот.

На покана на ФФМ јас присуствував на натпреварот, но тоа што се нарекува аранжман подготвен и фактура испратена од Агенцијата која го организираше патувањето, е платено во временскиот рок кој е предвиден во фактурата“, додава Тупанчески.

07.04.2022 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега