ТВ „Клан“: Алијанса влегува во Владата, познато со кои министерства ќе предводи

Неофицијално, постигнат е договор меѓу Алијансата за Албанците и владините претставници за влез на партијата во Владата, објави доцна попладнево ТВ „Клан“, повикувајќи се на извори во АА.

Според овие извори, Алијанса се договорила нејзини кадри да ги предводат Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, а евентуално и Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Дополнително, според истите извори, партијата ќе добие и 30 директорски места во државни институции.

22.11.2022 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега