Уапсена Џиџи Хадид: Полицијата и пронашла дрога во багажот

 

 

Познатата манекенка Џиџи Хадид беше уапсена и обвинета за поседување марихуана и реквизити за дрога, откако минатата недела долетала од САД на Кајманските Острови, пишува „Дејли мејл“.

 

Агентите на царината утврдиле е дека марихуаната е за лична употреба, иако на почеток и двете биле уапсени под обвинение за увоз на марихуана и увоз на прибор за пушење канабис.

Биле испрашувани во Кралскиот притворен центар на Кајманските Острови каде им била одредена кауција. Подоцна биле ослободени  во очекување на пресудата“, објави весникот „Кајман Марл Роуд“.

Хадид и Мекарти се појавиле на суд на 12 јули и ја признале вината. Биле казнети со 1.000 долари.

„Џиџи патувала со марихуана купена легално во Њујорк со медицинска дозвола“, рече нејзиниот претавник.

„Таа е легална и за медицинска употреба во Гранд Кајман од 2017 година. Нејзиното досие ќе остане чисто и ќе може да ужива во остатокот од своето време на островот“, додаде тој.

18.07.2023 - 18:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега