УХМР најавува врнежи од снег - од понеделник нова промена на времето

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд, на планините снег. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 6 степени.

До понеделник ќе преовладува облачно време. Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник. Дневната температура значително ќе се намали.

07.01.2022 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега