УХМР со вонредна временска прогноза - очекувајте поројни дождови и грмежи

Попледнево и кон крајот на денот претежно во северните делови на земјава ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, најпрвин од југозападен, а потоа особено долж Повардарието од северен правец.

Слично ќе биде и во Скопје и околината каде кон крајот на денот ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен, претежно северен ветер.

Од УХМР велат дека утре долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Во петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега