УХМР: Ведро време за новогодишната ноќ

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, со појава на магла по одделни котлини.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 11 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Поради послабо изразено воздушно струење на почетокот на следната седмица по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.

31.12.2021 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега