Укинат е карантинот за сите кои влегуваат од Македонија во Албанија

Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата попладнево ја укина одлуката за задолжителен двонеделен карантин за сите лица кои од  Македонија и од Грција влегуваат во Албанија, јави дописничката на МИА од Тирана.

– Освен укинувањето на задолжителниот карантин за лицата кои влегуваа во нашата земја од Македонија и од Грција, што беше воведен на 20 април,  комитетот врз основа на барањето на Министерството за образование, млади и спорт дозволува отворање на универзитетите, но само за консултации и сезоната за испити, но со строга примена на протоколите и мерките за заштита – изјави Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и член на комитетот.

Според неа, сите други ограничувачки мерки остануваат во сила, како што е и забраната за групирање на повеќе од десет лица, како и полицискиот час кој и понатаму ќе трае од 22 до 6 часот.

Задржувајќи се на процесот на имунизација против ковид-19, Манастирлиу рече дека до сега во земјата се пристигнати 748.400 дози вакцини од „АстраЗенека”, „Фајзер”, „Синофарм” и „Спутник В”.

Со вакцинација се опфатени 537 илјади лица, при што над 100 илјади ги примиле и двете дози.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега