Украина ги врати запленетите македонски камиони

Украина им ги врати запленетите македонски камиони, информира денеска Министерството за надворешни работи.

о многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска - “Јагодине” им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти.Со ваквиот чекор, а благодарение на преземените дипломатски активности беше решен проблемот на нашите превозници и беа избегнати големи материјални штети за нивните компании, велат од МНР.

 

12.03.2022 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега