Усеини и неговиот брат остануваат во притвор- судот ја поништи гаранцијата од 30.000 евра

Советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат остануваат притвор откако Апелациониот суд во Битола го поништил решението на охридскиот суд за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра за да се бранат од слобода, пишува „Макфакс“.

„Решението со кое му беше прифатена гаранцијата е укинато и предметот повторно е вратен на одлучување во Охрид“, кусо велат извори од битолскиот Апелационен суд каде Обвинителството се жалеше откако судот во Охрид му ја прифати гаранцијата.

Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува в четврток. Тие шест дена беа недостапни за полицијата, а беа притворени на 26 август откако сами се пријавија.

Против нив се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако охриѓанецот Спирко Топалоски пријави дека го нападнале, а во нападот полицијата утврди дека користеле и пиштол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега