Уште 200 македонски граѓани се ревакцинираа во Врање

Уште 200 македонски граѓани се ревакцинирале во Спортската сала во Врање, соопштија српските здравствени власти.

Директорката на Здравствениот дом во овој српски град, д-р Љиљана Антиќ изјави дека повеќето од вакцинираните се здравствени работници и новинари.

Како дел од прекуграничната соработка за солидарност меѓу двете земји, повеќе од илјада граѓани на Македонија, претежно од Скопје и Куманово, досега ја добија првата и втората доза на вакцината на вакциналните пунктови во Врање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега