Уште 6 лица починаа од Ковид 19 во Тетово

Вкупно 105 пациенти заразени со Ковид 19 се хоспитализирани во тетовската болница, од кои има и на возраст меѓу 30 и 40 години.

Доктор Миранда Бајазити за „Слободен печат“ изјави дека сите пациенти се во претежно тешка здравствена состојба бидејќи се кислородно зависни.

-Од хоспитализираните, имаме само 8 пациенти вакцинирани со една доза, додека сите други се невакцинирани. За жал имаме 6 починати пациенти изминатата ноќ, еден над 50 години, четворица над 70 години и еден над 80 години. Имавме 16 болнички приеми и 185 амбулантски прегледи. Имаме уште слободни места и во другите одделенија и осум кревети во модуларната болница, вели доктор Пајазити.

01.09.2021 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега