Уште едно младо лице ја загуби битката: Бројот на починати од Ковид 19 во Македонија секојдневно е висок

Во последните 24 часа се направени 946 тестирања, при што се регистрирани 105 нови случаи на Ковид-19. Според податоците од Институтот за јавно здравје пријавени се и вкупно 403 оздравени пациенти и 45 починати лица меѓу кои најмладиот пациент имал 34 години, од кои 20 починале во периодот од 29 март и 10 април 2021 година, соопшти Министерството за здравство.

Од пријавените 45 починати лица, 14 се од Скопје ( 51г, 58г, 65г, 68г, 69г, 70г, 70г, 70г, 73г, 76г, 81г, 81г, 81г и 83г), 5 лица од Прилеп (42г, 61г, 63г, 64г и 76г ), 4 лица од Куманово (71г, 77г,78г и 88г) по 3 лица од Битола (44г, 68г и 70г), Гостивар (51г, 60г и 75г) и Охрид (62г, 74г и 77г), по 2 лица од Тетово (63г и 71г), Свети Николе (57г и 71г) и Струга (69г и79г) и по едно починато лице од Кочани (82г), Велес (34г), Струмица (80г), Радовиш (93г), Берово (70г), Богданци (72г) и Неготино (83г). Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 42 во болнички услови, меѓу нив се пријавени 20 пациенти починати во период од 29 март и 10 април 2021 година.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.05.2021 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега