Утринава облаци и магла- метеоролозите со викенд прогноза

Времето денеска во повисоките подрачја ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по котлините со појава на магла или значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде значително облачно и магливо, во текот на денот облачноста делумно ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност, по котлините со појава на магла.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 07:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега